Надал не е повеќе омилен тенисер на фамилијата Ѓоковиќ – Ноле откри кој тенисер е број еден!?

Првиот светски рекет, Новак Ѓоковиќ повторно го привлече вниманието на јавноста откако откри дека Рафа Надал повеќе не е број еден тенисер за неговиот син, туку дека сега тоа место го зазема младиот Карлос Алкараз.

Ноле изјави дека неговиот шестгодишен син Стефан Ѓоковиќ постојано следи тенис, па се разбира покрај својот татко има и друг идол од „белиот спорт“.

„Карлос е прекрасна личност, навистина ми се допаѓа, многу го почитувам. Денеска првпат тренирав со него, иако го видов минатата година на турнир. Неговиот пат до тенискиот врв е апсолутно неверојатен. Тоа што го постигна на таа возраст е добро не само за Шпанија, туку и за целиот свет. Тој веќе е голема ѕвезда. Има се за да биде голем шампион. Неодамна Надал престана да биде број 1 за мојот син, сега Алкараз му е омилен. И двајцата многу му се допаѓаат. Ја имитира нивната игра, форхенд и емоциите на Надал, тоа е многу убаво“, истакна Ѓоковиќ.

Осумнаесетгодишниот Алкараз е во Топ 10 светски тенисери. Тој на најновата АТП ранг-листа објавена вчера се наоѓа на 9. место.

Се вчитува...