Надал не сака алиби: Не е до повредата, Зверев беше подобар

Рафаел Надал разочарувачки го почна настапот на завршниот АТП турнир во Лондон, губејќи убедливо од Александар Зверев. Шпанецот веќе извесно време се мачи со повреда, го откажа турнирот во Париз поради проблем со стомачните мускули, но децидно порача дека тоа не смее да биде негово алиби за поразот од Зверев.

„Можам да измислувам алиби, изговори за поразот, но вистината е дека не чувствував никакви болки во стомакот, апсолутно ништо. Не е до повредата, едноставно Зверев беше подобар, а јас за два дена ќе морам да одиграм многу подобро ако сакам да победам“ – изјави Надал.

Шпанецот во утрешниот дуел од второто коло ќе се сретне со Данил Медведев, кој исто така го загуби својот премиерен меч во Лондон, од Циципас со 0-2 во сетови.

Се вчитува...