Надал нема да игра на Индијан Велс и со тоа првпат од 2005 ќе испадне од топ 10

Рафаел Надал го откажа учеството на првиот Мастерс сезонава, кој следниот месец ќе се игра во Индијан Велс. Тој играше во финалето на турнирот  во 2022 година.

Надал моментално е осми играч во светот, а Хуберт Хуркач кој е 11. заостанува помалку од 300 поени, што значи дека популарниот Рафа после турнирите во Индијан Велс и Мајами ќе испадне од првите десет тенисери на АТП листата за првпат од 2005 година.

Поради ваквиот лош пласман на АТП листата, Шпанецот ќе има полоша позиција на носител, па не е нереално, на пример, тој и Новак Ѓоковиќ да се сретнат уште во осминафиналето на Ролан Гарос.

Се вчитува...