Надал обезбеди четвртфинале во Мадрид

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал се пласираше во четвртфиналето на АТП турнирот во Мадрид откако во 3. коло убедливо во два сета славеше против Аргентинецот Шварцман.

Надал триумфираше за еден час и 44 минути игра, со 6-3,6-4 против аргентинскиот тенисер.

Во четвртфиналето на турнирот Надал ќе се соочи со Австриецот Доминик Тием кој во осминафиналето беше подобар од хрватскиот тенисер Борна Чориќ.

Се вчитува...