Надал одново ги загрижи своите навивачи, неизвесен мастерсот во Мадрид!

Рекордерот по бројот на гренд слем трофеи, пристигна во Мадрид, но и понатаму не се чувствува најдобро, па неговиот настап останува неизвесен.

Рафаел Надал од почеток на годината, имаше 20 победи по ред, дојде до 21 трофеј во гренд слем конкуренција, но работите во моментов не се баш најдобри за него.

Има големи проблеми со повреденото ребро, поради кое доста тешко дишеше во Америка, а сега пред мастерс турнирот во Мадрид и понатаму не се чувствува најдобро.

„Тренирав многу малку, моето ребро и понатаму ме боли, а последните две недели беа доста болни за мене. Скоро ништо не можев да работам досега, така да Мадрид ќе биде тежок турнир за мене. Но верувам дека ќе се подготвам за Ролан Гарос“, порача Шпанецот.

Приоритет на Шпанецот годинава му е турнирот кој го освои 13. пати во кариерата.

„Свесен сум за она што ме очекува, но се надевам дека најдобро ќе се подготвам за Ролан Гарос. Верувам дека ќе бидам во подобра ситуација за три недели“, се надоврза Надал.

Се вчитува...