Надал: Опоравувањето оди споро, цел е Ролан Гарос

Рафаел Надал изјави дека се уште не е сигурен кога ќе се врати на теренот. Мораше да признае дека опоравувањето од повредата со која се здоби на Австралија опен не оди според планот.

Иако некои тврдат дека тој многу тренира на земјена подлога, извори блиски до тенисерот од Мајорка тврдат дека повредата се уште не е санирана.

„Полека напредувам. Одам од недела во недела. Ќе правам тестови за да видам каква е состојбата на повредата. Не зборував многу по Австралија, но имав навистина лоша среќа таму. Кинењето на мускулот беше навистина големо. Искинав и дел од тетивата. Закрепнувањето оди многу побавно отколку што би сакал. Не знам дали ќе играм во Монте Карло, Барселона , дали тоа ќе биде Мадрид, но јас сакам да играм. За мене најважно е да бидам здрав, кога играм на земјена подлога да имам чувство дека можам да се натпреварувам и да се борам за крајната цел, која засега е Ролан Гарос“, вели Надал.

Се вчитува...