Надал по три часа го победи Кирјос за полуфинале на Индијан Велс

Рафаел Надал се пласираше во полуфиналето на Мастерсот во Индијан Велс откако синоќа во четвртфиналето славеше против Австралиецот со грчко потекло Ник Кирјос.

Надал триумфираше по три час игра во три сета, со 7-6,5-7 и 6-4, на тој начин продолжувајќи ја серијата од 19 победи на исто толку натпревари од стартот на годината.

„Се чувствував добро, и заслужено стигнав до победата. Секогаш е тешко да се игра против Ник, но сега мислам единствено на полуфиналето“ – истакна по мечот Надал.

Во полуфиналето Надал ќе се соочи со помладиот сонародник Карлос Алкарас.

Се вчитува...