Надал повторно загуби во Торино

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал доживеа целосна катастрофа во првите два меча на завршниот мастер во Торино. После поразот од Тејлор Фриц од САД со 2-0 во сетовите, Надал денеска загуби и на вториот меч во „зелената група“.

Подобар од Шпанецот денеска беше Феликс Оже-Алиасим кој истотака го доби Шпанецот со 2-0 во сетови (6-3 и 6-4).

Тоа значи дека Надал има само теоретски шанси за пласман во полуфинале. Историјата вели дека ниту еден тенисер не се пласирал во полуфиналето после два стартни порази.

Се вчитува...