Надал преку Хачанов до осминафинале на Австралија опен

Рафаел Надал се пласираше во осминафиналето на Австралија опен, откако во третото коло беше подобар од Русинот, Карен Хачанов со 3-1 по сетови 6-3, 6-2, 3-6 и 6-1. По рутински освоените први два сета, Хачанов пружи отпор само во третиот кој успеа да го добие со 6-3, но тоа беше се од рускиот тенисер.

Со убедливи 6-1 во четвртиот сет, Надал си го трасираше патот до осминафиналето. Таму за противник го чека подобриот од последниот денешен натпревар во кој се среќаваат Французинот, Адриан Манарино и минатогодишниот полуфиналист Аслан Карацев.

Се вчитува...