Надал преку Шаповалов до полуфинале во Австралија

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал, многу тешко успеа да избори полуфинале на Австралија опен. Надал во четвртиналето се намачи со канадскиот тенисер Дени Шаповалов и го совлада дури после пет сета (6:3, 6:4, 4:6, 3:6, 6:2).

Шпанецот одлично го отвори мечот, и во првиот сет покажа сила, кој го доби со 6-3, и така поведе со 1-0 во сетови. Вториот сет траеше еден час, Шаповалов пружи подобар отпор, но недоволно, затоа што и тој го доби Надал со 2-0.

Кога се чинеше дека Надал ќе мине лесно, Шаповалов почна да „лета“ по терен, и така го доби третиот сет со 6-4, а потоа со одлична игра во четвртиот сет, успеа да дојде до израмнување.

Надал успеа да се опорави за петиот сет и повторно да ја врати својата игра. Шаповалов не можеше да парира и да дојде до сензација и на крајот го загуби мечот.

Се вчитува...