Надал преку Цонга до полуфинале во Париз

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал се пласираше во полуфиналето на последниот Мастерс сезонава кој се игра во „Берси арената“ во Париз откако во четвртфиналето го совлада домашниот тенисер Џо Вилфред Цонга со 2-0 по сетови (7-6 и 6-1).

Французинот имаше сила само во првиот сет кој успеа да го одведе до тај-брејк кој на крајот сепак го доби Надал со 7-4. Во вториот сет Цонга го намали квалитетот на својата игра што беше доволно за убедливо освојување на Шпанецот со 6-1.

Надал во полуфиналето ќе игра против младиот канадски тенисер Денис Шаповалов кој го совлада Гаел Монфис со 2-0 (6-2 и 6-2) и со тоа ги сопре надежите на Французинот за пласман на завршниот турнир во Лондон, каде како осми последен патник ќе оди Италијанецот Матео Беретини.

Се вчитува...