Надал против Медведев – Кој е подобар во меѓусебните дуели?

Рафаел Надал и Данил Медведев ќе се борат за својот прв Гренд Слем трофеј во новата сезона во Мелбурн в недела. Мотивацијата на Надал е голема, имајќи предвид дека со победа во финалето ќе стане рекордер по бројот на трофеи освоени на големите турнири.

Со евентуална победа Шпанецот ќе има 21 трофеј, еден повеќе од Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер. Сепак, Медведев исто така има голем стимул, затоа што со освојвуање на Австралија Опен, ќе го освои првото место на АТП листата и ќе го помине Новак Ѓоковиќ.

Двајцата тенисери досега се имаат „состането“ вкупно четири пати. Надал го освои првиот дуел убедливо, со 6-3 и 6-0 на Канадскиот мастерс, а набрзо потоа се сретнаа и на Отвореното првенство на САД. Овој пат Надал имаше многу потешка работа, Медведев даде силен отпор, а победата му припадна на шпанскиот тенисер со резултат 7-5 6-3 5-7 4-6 6-4.

Тие се сретнаа и на завршниот Мастерс во Лондон, повторно неизвесна и драматична борба, а Надал уште еднаш успеа да триумфира повторно, овој пат со резултат 6-7, 6-3, 7-6. Медведев чекаше една година реванш до финалниот Мастерс во 2020 година, а Русинот без поголеми проблеми ја запиша првата победа над Надал со 3-6, 7-6, 6-3.

Освен првата средба кога Надал лесно славеше, двајцата тенисери најчесто приредуваат возбудливи дуели и сосема неизвесни, па реално е да се очекува ваков меч и во финалето на Отвореното првенство на Австралија.

Се вчитува...