Надал: Размислував да го предадам мечот, но…

Првиот носител на Австралија Опен, Рафаел Надал е шокатно елиминиран од турнирот во 2. коло, откако загуби од Мекензија Мекдоналд од САД со 3-0 по сетови.

Актуелниот првак на овој грен-слем се мачеше со повреди, повика и медицински тајм-аут, а на крајот го одигра мечот до крај, и го загуби.

„Во прашање беше повреда на колкот, имав болки веќе неколку дена, но ништо слично како денеска. Не знам дали е мускул или колк, имав проблеми и претходно, бев на третмани, но никогаш не беше вака. Не можев да се движам, и додека не ги направам потребните испитувања нема да знам што е во прашање. Тешко е да знам што е со мене. Го изгубив мечот, но се трудев. Не знам дали можев да го добијам да бев здрав. Размислував да прекинам да предадам, но сепак одлучив додека можам да стојам на теренот, да играм. Мислам дека вака е подобро. Изгубив, му честитав на противникот, затоа што тоа е спортски. Треба да се бориш до крај, тоа е суштина на спортот“, рече Надал.

Се вчитува...