Надал разочаран: Ова ми е најболен пораз годинава

Рафаел Надал не го криеше разочарувањето по поразот од 18-годишинот Шалопалов во третото коло од Мастерс-турнирот во Монтреал, со што Шпанецот пропушти идеална шанса веќе в понеделник да се врати на врвот на АТП-листата. На Надал му беше доволно само полуфинале во Монтреал за да го мине Енди Мареј, а во четвртфиналето го очекуваше пресметка со Манарино, па на Шпанецот му е јасно дека е пропуштена златна шанса.

Ова ми е најтежок пораз во последно време, дефинитивно најтежок годинава. Нема што многу да се каже, тој играше добро, јас играв многу лошо. Жалам бидејќи имав огромна шанса да стигнам до врвот на АТП, ждребот ми беше наклонет, но ете, не успеав да ја искористам ситуацијата. Немам што многу да додадам во ваков момент, освен да му честитам на противникот“ – истакна Надал.

Шпанецот ќе има можност да се искачи на врвот веќе на следниот Мастерс-турнир во Синсинати каде Мареј ќе загуби нови бодови, но сега главен ривал на Надал ќе биде Федерер, кој со победата од 2-1 над Ферер се пласираше во четвртфиналето во Монтреал и остана главен фаворит за трофејот.

Се вчитува...