Надал: Само еден може да биде најдобар тенисер на сите времиња

Рафаел Надал тренира за стартот на новата сезона, а во интервју за шпанските медиуми се осврна на изминатата сезона и најави продолжување на борбата за грaнд-слем трофеи.

Рафаел Надал освои две  гранд-слем титули минатата сезона, со што неговиот вкупен број достигна 22. Новак Ѓоковиќ има 21, додека Роџер Федерер кариерата ја заврши со 20 трофеи. Тој смета дека само еден на крајот ќе може да биде прогласен за најдобар на сите времиња.

„Мојот став не е променет. Ќе биде тешко да се дефинира кој е најдобар досега, бидејќи секој од нас тројца (Ѓоковиќ, Федерер) има свои аргументи, а двајца од нас се уште се активни играчи. Сепак, најважно ми е што сите тројца направивме многу повеќе отколку што замислувавме, а патем ги испишувавме страниците на историјата. Дали на крајот ќе бидам најголемиот досега? Би сакал, но тоа не е моја опсесија“, изјави Надал. 

Се вчитува...