Надал се мачеше, но успеа да го победи Еванс

Шпанецот Рафаел Надал го отвори настапот на канадаскиот мастерс со победа над Британецот Даниел Еванс со 2-0 (7-6 и 6-4). Во променливи услови и двапати прекин поради дожд, вториот светски рекет имаше големи проблеми против одличниот Еванс.

Британецот одлично го отвори мечот направи брејк уште во првиот гејм, но вториот рекет на светот успеа да се консолидира и да го однесе сетот во тај-брејк во кој беше подобар со 8-6. Во вториот сет следуваше променлива игра од двајцата тенисери. Во серии успеваа да го задржат својот сервис, но во серии имаше и брејкови на двете страни. Во целата ситуација подобро се снајде Надал за конечна победа од 2-0 и пласман во следното коло.

Во осминафиналето Шанецот ќе се сретне со подобриот од мечот меѓу Раду Албот од Молдавија и Аргентинецот Гвидо Пеља.

 

Се вчитува...