Надал се одмори: Во Мајорка ќе тренира за Вимблдон

Рафаел Надал ги наполни батериите по напорната сезона на земјена подлога, па Шпанецот донесе конечна одлука – ќе игра на Вимблдон во обид да стигне до уште една гранслем титула во својата кариера.

Тој реши да не настапи на турнирот во Квинс, кој важи за увертира за Вимблдон, по што се шпекулираше дека би можел да го пропушти британскиот гранслем. Сепак, Надал реши да патува за Лондон, а во меѓувреме ќе се адаптира на тревната подлога во Мајорка. Во овој шпански град ќе се игра ВТА-турнир на трева, а Надал ќе биде присутен и во истиот период ќе се загрева за Вимблдон.

Останува да се види како фактот дека ќе игра на овој силен турнир без ниту еден официјален меч на тревната површина ќе се одрази врз играта на Шпанецот, кој ќе ја има улогата на втор носител откако повторно го загуби првото место од Роџер Федерер.

Се вчитува...