Надал се откажа од настапите во Доха и Дубаи

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал, се откажа од настап на турните во Доха и во Дубаи, кои се на програмата во следните две седмици. Надал на Австралија Опен доживеа повреда на колкот која дополнително му ја отежна работата, така што од првиот Макензи Мекдоналд лесно го исфрли.

Рафа доби само еден од четирите меча на почетокот на сезоната, а на АТП листата падна на шестата позиција. За опоравување од повредата ќе биде потребно 6-8 недели.

Сега се поставува и прашањето дали Надал ќе биде подготвен за мастерсот во Индијан Велс, каде што минатата година загуби во финалето. Надал се соочува со опасност ако не учествува на Индина Велс, нема да биде ниту во топ 10 на АТП листата.

Се вчитува...