Надал се пожали: Имав само еден слободен ден по свадбата

Светскиот тениср број два, Рафал Надал не пропушти прилика да се пожали дека не можел ниту да се одмори прописно по свадбата која ја правеше минатиот викенд.

По свадбата ја имав само неделата за одмор. Потоа повторно тренинзи, Во понедленик, вторник и сите следни денови“ – вели Надал во пресрет на Мастерсот во Париз.

Надал паузираше извесен период поради повреда на дланката, но сега смета дека е подготвен да игра во градот кој како што вели е „најважен за неговата кариера“. Се рабира ова се однесува на титулите освоени на Ролан Гарос.

Рафаел Надал минатиот викенд се оежен со долгогодишната девојка Марија Перењо. Свадбата беше на Мајорка, присутни беа бројни ѕвезди од спортот и шоу бизнисот, но не и Роџер Федерер и Новак Ѓоковиќ.

Се вчитува...