Надал се предаде без борба во Париз

Денис Шаповалов ќе биде противникот на Новак Ѓоковиќ во големото финале од Мастерс-турнирот во Париз, откако канадскиот тенисер без борба ја доби полуфинална пресметка со Рафаел Надал. Тениската јавност беше во исчекување на финале Надал – Ѓоковиќ, но Шпанецот попладнево ги разочара своите фанови објавувајќи дека поради нова повреда нема да може да настапи против Шаповалов.

„Искрено ми е жал, одлично се забавував цела седмица, играв добар тенис и стигнав до полуфиналето. Сепак,, повредата не е наивна и не смеам да ризикувам. Се надевам дека ќе се рехабилитирам за да настапам на завршниот АТП турнир“ – изјави Надал.

Претходно, во првото полуфинале Новак Ѓоковиќ го совлада Григор Димитров со 2-0 во сетови.

Се вчитува...