Надал со неверојатен пресврт ја продолжи низата победи: „Не заслужив…“

Рафаел Надал продолжи со победите во 2022 година, пласирајќи се во третото коло на Индијан Велс со триумфот во три сета против Себастијан Корда.

Надал победи по неверојатен пресврт со 2-6, 6-1 и 7-6(3), на тој начин годинава продолжувајќи со 16 победи. Во третиот сет губеше и со 2-5, со огромни два брејка заостанување, но успеа да се врати и да го остави Американецот само на три поени. Противник во третото коло ќе му биде Британецот Дан Еванс.

„Среќно победив. Ова беше мојот најлош меч годинава. Жал ми е за противникот, мислам дека повеќе ја заслужи победата од мене, но така е тоа понекогаш во спортот. Се борев до крајот и успеав некако да победам“ – истакна Надал по мечот.

Се вчитува...