Надал стартуваше со победа на Австралија опен, па истакна: „Правдата е таа, за турнирот ќе беше подобро Ѓоковиќ да е тука“

Рафаел Надал со триумф во три сета 6-1, 6-4 и 6-2 против Американецот Џирон го стартуваше годинашниот Австралија опен.

По мечот, меѓу другото Надал одговараше и на прашања поврзани со Новак Ѓоковиќ.

„Не знам, но веќе сум уморен од сето ова. Пред една недела кога тој го доби првото судење, реков дека правдата зборува. Тие рекоа дека визата била коректена и тоа е тоа. Вчера правдата кажа нешто друго и јас никогаш не одам против неа. Сепак, и мислам дека доколку Ѓоковиќ играше, тоа ќе беше најдобро за сите. Отсекогаш сум имал почит за моите ривали. Новак не е исклучок. Му посакувам се најдобро. Мислам дека ситуацијата се искомплицира и мислам дека тој не е единствениот кој погреши. Има и други одговорни. Но и тој е еден од тие кои се одговорни. Јас сакав тој да играше“ – истакна Надал.

Изненадување во првото коло приреди домашниот тенисер Александар Вукиќ, инаку 144. рекет во светот кој игра со покана на организаторот, а славеше против 33-от светски играч од АТП листата, Лојд Харис и го победи со 4-6, 6-3, 7-5 и 7-6.

Се вчитува...