Надал: Тешко дека ќе играм на 40 години

Повеќекратниот грен-слем првак Радфаел Надал, истакна дека нема намера да игра тенис и на 40 години, пренесува Надал.

Шпанецот оваа година ги освои Австралија Опен и Ронал Гарос, и со тоа дојде до рекордни 22 грен-слем титули.

„Не знам, не можам да ја предвидам иднината, искрено ми делува многу тешко дека ќе играм и на 40 години. Но, и кога имав 28-29 години реков дека тешко ќе играм на 36, па ете ме на теренот, високо рангиран и се борам за најголемите титули. Искрено уживам додека сум на теренот и само тоа ми е важно. За мене секоја година мината на терените е благослов“, рече Надал. 

Шпанскиот тенисер ќе игра на завршниот Мастер во Торино во зелената група со Феликс Оже Алијасим, Тејлор Фриц и Каспер Руд.

Се вчитува...