Надал тргна фуриозно на Вимблдон

Рафаел Надал фуриозно го стартуваше својот настап на Вимблдон, лесно триумфирајќи на мечот против Дуду Села со 3-0 во сетови. Дуелот беше израмнет само до 3-3 во првиот сет, за потоа Надал да освои три гејма во серија и да стигне до почетно водство. Првиот светски рекет уште повеќе доби на самодоверба, па потоа ги доби рутински и следните два сета со 6-3, 6-2, за лесен пласман во второто коло каде Надал ќе се сретне со победникот од дуелот Поспишил – Кукушкин.

Импресивен старт имаше и Александар Зверев, кој убедливо славеше над Дакворт со 7-5, 6-2, 6-0, а својот настап прерано го заврши Вердаско, кој беше поразен со 1-3 во сетови од Американецот Тиафое.

Ник Киргиос благодарение на импресивниот сервис славеше над Узбекистанецот Истомин со 3-0.

Се вчитува...