Надал триумфално се врати на тениските турнири

Рафаел Надал на триумфален начин се врати на АТП турнејата, откако денеска славеше во второто коло на Мастерс 1000 турнирот во Мадрид. Шпанскиот тенисер во второто коло беше подбар од Србинот, Миомир Кецмановиќ со 2-0, по сетови 6-1 и 7-6.

Првиот сет 21. кратниот освојувач на гранд-слем титули го освои на убедлив начин, додека во вториот младиот Србин успеа да му даде голем отпор на големиот фаворит. Во осминафиналето Надал ќе игра против подобриот од дербито на бенелукс меѓу Гофан и Ван де Зандшулп.

Во осминафиналето се пласираа и Зверев, Лајовиќ, Нури и Еванс.

Се вчитува...