Надал веќе не е „интересен“: Нов турнир на земја -нова титула

Рафаел Надал нема достоен ривал кога станува збор за дуелите на земјена подлога, тоа се потврди и на турнирот во Барселона на кој шпанскиот ас ја продолжи својата доминација стигнувајќи до 11. трофеј во кариерата во каталонската престолнина.

Тој за противникот го имаше Циципас од Грција, кој поведе со 0-1 во првиот сет и тоа беше се што видовме од него – потоа Надал целосно доминираше и на крајот заслужено славеше со 6-2, 6-1, продолжувајќи ја импресивната серија што сега изнесува 46 освоени сетови за земјена подлога.

Рафаел Надал заслужено останува на чело на АТП-листата, ова беше негов втор трофеј во 2018 година, вкупно 77. во фантастичната кариера.

Се вчитува...