Надал во финалето во Барселона: И 18-та победа по ред!

Рафаел Надал ќе игра во финалето на АТП турнирот во Барселона откако во полуфиналната пресметка славеше во два сета против Белгиецот Гофин со убедливи 6-4,6-0.

На тој начин Шпанецот си ја запиша и 18-та едноподруго победа, продолжувајќи со извонредната форма на настапи. Надал има и низа од 44 освоени сета по ред, успевајќи и денеска да остане со максимални 2-0 по сетови.

Во финалето Рафаел Надал ќе се соочи со Гркот Циципас кој во првата полуфинална пресметка беше подобар од Карено-Буста од Шпанија.

Се вчитува...