Надал: Во овој момент не ми е важен поразот во финалето – Ме загрижува моето здравје, имам проблеми со дишењето

Рафаел Надал ја прекина победничката серија откако го доживеа првиот пораз во 2022-та година во големото финале на Индијан Велс. епилог по кој стана јасно дека победничката серија на Шпанецот застанува на бројот 20. Најдобриот старт на една сезона во кариерата за Рафа ќе гласи 20-0, откако рано утрово не успеа да стигне до 21-та победа од почетокот на сезоната и четвртиот трофеј.

Тејлор Фриц приреди вистинска сензација и застана на патот на Рафа. Сепак, Надал изјави дека поразот најлесно го прифатил после сето она што го почувствува на теренот. Шпанецот имаше здравствени потешкотии, па иако се бореше, на крајот загуби со 6-3 и 7-6.

„Имав проблеми со дишењето, но тоа не беше единствениот проблем. Не знам што точно е во прашање. Кога се движев, чувствував како да имам кнедла во грлото, но чувствував и болка во ребрата. Многу повеќе ме загрижува тој проблем, откако самиот пораз. Поразот го прифатив експресно … Како и да е, честитики за Фриц, тој ја заслужи титулата после тоа што го прикажа во изминатите две недели. Дадов се од себе и жалам што останав без трофејот, изјави Надал.

Се вчитува...