Надал за Ѓоковиќ: Не сакам Новак да игра на АО, но ја почитувам одлуката на судот

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал истакна дека ја почитува одлуката на судот за враќање на визата на Новак Ѓоковиќ за влез во Австралија.

Најдобриот светски тенисер ја победи владата на Австралија на судот во понеделникот, откако беше решено да се откаже укинувањето на неговата виза. Ѓоковиќ е ослободен и како што е сега, тој ќе може да игра на првиот гренд слем во сезоната во Мелбурн.

„Спортски гледано, би сакал Новак да не игра. Но, судот се изјасни и ја почитувам одлуката … Без разлика дали се согласуваме или не со Ѓоковиќ за некои работи, правдата се изјасни“, потенцираше Надал.

За потсетување, неодамна шпанскиот тенисер изјави дека она што се случува не е добро за никого, но дека Ѓоковиќ свесно има донесено одлука, знаејќи ги условите за учество на Отвореното првенство на Австралија.

Се вчитува...