Шок на стартот на завршниот мастер. Шпанскиот тенисер Рафаел Надал е поразен од Тејлор Фриц од САД во рамките од “зелената група“ после неполни 100 минути игра.
Мечот беше одлучен во тај-брејк во првиот сет, кој му припадна на американскиот тенисер со 7-3, после кој Рафа целосно се „распадна“. Вториот период беше еден од најлошите за Шпанецот во текот на годината, делуваше непретпознатливо на теренот. За Фриц ова беше прва победа во својот дебитантски настап на завршните турнири.
Натпреварувањето во Торино ќе продолжи во понеделник со мечевите Рублјов – Медведев и Ѓоковиќ – Циципас.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА