Надеж за МЗТ: АБА-лигата се проширува

Раководството на АБА-лигата се уште нема донесено одлука околу завршницата на натпреварувањата во АБА1 и АБА2, но потпретседателот Ѓорѓије Павичевиќ најави дека се големи шансите за проширување на елитното друштво за следната натпреварување. Македонскиот шампион МЗТ Скопје е веќе пласиран во полуфиналето од АБА2, па останува да се види дали ваквиот расплет може да донесе и враќање на „сино-белите“ меѓу елитата на кошаркарската сцена во регионот.

„Големи се шансите АБА-лигата следната сезона да се прошири на 14 клубови. Размислуваме за плејоф или фајналфор на првите четири екипи, бидејќи сите знаеме колкав е влогот за наредната сезона“, истакна Павичевиќ.

Изјавата на потпретседателот се однесуваше на завршницата на сезоната во АБА1, бидејќи мора да се избере шампион кој потоа би добил шанса за натпреварување во Евролигата. Сепак, медиумите во регионот не ја исклучуваат можноста за таква завршница и во АБА2-лигата, за што сепак ќе треба да биде донесена одлука час порано, за да можат екипите благовремено да се обидат да ги вратат странските кошаркари кои беа распуштени на почетокот од оваа криза.

Доколку се реши за автоматски влез на првите две екипи од АБА2, тоа би била лоша вест за „металците“, кои ја завршија лигата како третопласирани, зад Борац Чачак и зад Сплит. Македонскиот првак веќе испрати официјално барање до раководството на лигата за враќање на „националниот клуч“ при изборот на екипи, но засега нема никако одговор од челниците на АБА.

Се вчитува...