Надежите до 18 години убедливо поразени од Турција

Фудбалскта репрезентација на Македонија до 18 години доживеа убедлив пораз од Турција (0-4) во првиот од двата предвидени контролни натпревари.

На мечот кој се играше на тренинг комплексот „Петар Милошевски“ во Скопје, Турците беа далеку подобар противник и заслужено стигнаа до победата. Вториот натпревар меѓу овие две репрезентации ќе се одигра в петок.

Селекторот на младата репрезентација на Македонија до 18 години, Неџат Шабани се одлучи да ги повика следните фудбалери:

ГОЛМАНИ: Васко Василев, Наум Ангелов, Стефан Тасев;

ОДБРАНА: Борјан Попоски, Енис Буќи, Никола Павлески, Стефан Младеновски, Марио Ричков, Суфијан Чајани, Давид Љусев;

СРЕДИНА: Идриз Османовиќ, Валдер Керимоски, Игор Јаневски, Марин Ѓорѓиевски, Матеј Ѓоргиев, Џезаир Авдули, Матеј Ангелов;

НАПАД: Артан Мемедов, Бесар Гуџуфи, Димитар Трајковски

Се вчитува...