Надежите минимално поразени од Србија

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година загуби од Србија со 1-0 на пријателскиот натпревар што се одигра во Подгорица. Во дуел на кој избраниците на Добринко Илиевски добија и два црвени картони, победничкиот погодок за Србија беше дело на Алекса Терзиќ  во 54. минута.

Агрон Руфати во првиот дел, и Филип Трајановски во судиското продолжение од мечот, заработија црвени картони во нашата селекција.

По три дена, младиот национален тим на Македонија ќе одигра уште еден пријателски меч, против домашната селекција на Црна Гора.

Се вчитува...