Надежите против Украина стартуваат на „Анталија куп“ (13 ч.)

Младата репрезентација на Македонија за фудбалери до 21 година денеска од 13 часот против Украина го игра првиот натпревар на „Анталија куп 2019“.

За селекторот Благоја Милевски ова е прв собир со новата генерација фудбалери која се подготвува за септемврискиот старт на новиот квалификациски циклус.

Изминативе денови репрезентативците, покрај активните тренинзи, имаа и мигови за релаксација на Средоземното море.

Покрај со Украина, нашите надежи ги очекуваат и дуели со Летонија в недела (24. март) и против Естонија на 26.март.

За натпреварите на „Анталија Куп“ Милевски смета на следните фудбалери:

Голмани: Томас Божиновски (Фиеренсе, Португалија), Ристе Јанков (Работнички), Даниел Котевски (Победа);

Одбрана: Нехар Садики (Ренова), Агрон Руфати (Истра 1961, Хрватска), Есмин Личина (Скопје), Филип Трајановски (Академија Пандев), Филип Антовски (Динамо Загреб, Хрватска), Михаил Маневски (Академија Пандев), Тодор Тодоровски (Осијек, Хрватска), Ване Јованов (Академија Пандев);

Среден ред: Давор Здравковски (АЕЛ Лимасол, Кипар), Јани Атанасов (Бурсаспор, Турција), Димитар Митровски (Спортинг Лисабон, Португалија), Кристијан Ацковски (работнички), Милош Тошевски (Земун, Србија), Марко Ферукоски (Офенбах, Германија), Бесард Шабовиќ (Дјургарден, Шведска);

Напад: Бејхан Аметов (Борусија Дортмунд, Германија), Милан Ристовски (Ријека, Хрватска), Марио Крстовски (Академија Пандев), Даниел Миловановиќ (Академија Пандев), Кристијан Трапановски (Славија Прага, Чешка), Емил Абаз (Бершот, Белгија), Ердон Даци (Коњаспор, Турција).

Се вчитува...