Награда што Ѓоковиќ никогаш ја нема освоено: Надал ја прекина доминацијата на Федерер

Рафаел Надал не го криеше задоволството откако ја доби наградата за омилен тенисер на АТП-турнирите, признание што традиционално завршуваше во рацете на Роџер Федерер, а интересно е што ниту еднаш во кариерата го нема освоено Новак Ѓоковиќ.

Федерер е апсолутен рекордер со 19 вакви награди во серија, од 2003 до 2021 година, но бидејќи Швајцарецот годинава воопшто не настапуваше на турнирите, фановите го избраа Надал за свој омилен тенисер.

„Многу сум среќен што ја добивам оваа одлична награда. Немам доволно зборови за да ви се заблагодарам за поддршката, не само за оваа награа, туку за сето она што го чувствувам при посетата на секој град ширум Европа и светот“, изјави Надал.

Наградата за омилен тенисер од фановите се доделува од 2000 година, а пред Федерер ја освојуваа Густаво Куертен (еднаш) и Марат Сафин (два пати).

Се вчитува...