Наинголан изненади многумина: Потпишува за Антверпен

Белгискиот фудбалер Раџа Наингонал се враќа дома. По епизодата во Каљари, 33-годишниот Наинголан се одлучи да се врати во Белгија каде денеска треба да потпише на двегодишна соработка со Ројал Антверпен.

Антверпен изминативе две сезони е во врвот на белгискиот фудбал, а со ангажманот на Наинголан сака да атакува на титулата во домашниот шампионат.

Сепак, многумина се изненадени од одлуката да се врати во Белгија по настапите за Каљари, Рома и Интер.

За репрезентацијата на Белгија има 30 настапи, постигнувајќи и шест погодоци. Имаше понуди и од МЛС лигата и Кина, но на крај се одлучи да се врати дома.

Се вчитува...