Во рубриката „Нај, нај на СП 2026“ ви ги пренесуваме најинтересните статистички податоци од натпреварите одиграни претходниот мундијалски ден…
Германија е најефикасната репрезентацијата во историјата на фудбалските мундијали. Германците сега имаат 239 гола на светските шампионати, минувајќи го на врвот Бразил со 238 мундијалски голови.
За Германците ова беше четврти мундијалски меч на кој постигнале најмалку седум погодоци. Зад Германија на оваа листа остана Унгарија со шест вакви ефикаснии натпревари.
Прв пат се случи Холандија два пати да има водство на еден меч од СП и на крајот да не стигне до победата.
Холанѓаните имаа пет победи на пет меча со ривали од Азија, серија што беше прекината со синоќешното реми.

Ова беше прв мундијалски меч во историјата на кој „лалињата“ меѓу 11-те стартери немаа ниту еден фудбалер од домашното првенство.
Голот на Амад Диало против Еквадор (89:32) е вториот најдоцен победнички погодок постигнат од резервен фудбалер. Рекордот е сопственост на Франческо Тоти, кој стрелаше во 94. минута за Италија на дуелот со Австралија на СП 2006.
Брегот на Слоновата коска за првпат победи ривал од Јужна Америка, прекинувајќи ја серијата од три порази.
Еквадор ја прекина серијата од 19 меча без пораз (8 победи, 11 реми), најдолга ваква успешна серија во историјата на оваа репрезентација.
Шведска стана само втора репрезентација во историјата на СП што на еден меч постигнала три гола со удари надвор од шеснаесетникот. Првата на која тоа и успеа беше Германија (против Чиле на СП 1962).
Тоа сепак не е најефикасниот мундијалски меч на Швеѓаните, кои славеа со 8-0 на четвртфиналето со Куба на СП 1938.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
