Нај, нај на СП 2026: Поклонете се на Мбапе, Халанд, Меси…

Во рубриката „Нај, нај на СП 2026“ ви ги пренесуваме најинтересните статистички податоци од натпреварите одиграни претходниот мундијалски ден…

Килијан Мбапе стигна до бројката од 58 погодоци во дресот на Франција, со што стана најдобар стрелец во историјата на „триколорите“. Тој стана и стрелец број 1 на мундијалите за Французите (со 14), уривајќи го рекордот на Жист Фонтен, кој сите 13 погодоци ги постигна на еден светски шампионат.

На возраст ос 18 години и 143 дена, Ибрахим Мбаје стана најмлад африкански стрелец на светските шампионати, втор најмлад севкупно (зад Гави од Шпанија кој на СП 2022 постигна гол на возраст од 18 години и 110 дена).

Норвешка за првпат постигна три или повеќе голови на меч од СП (вкупно 12 натпревари).

Ерлинг Халанд постигна најмалку по еден гол на секој од последните 11 oфицијални натпревари за Норвешка.

Аргентина ја забележа најубедливата победа на мундијалско отворање уште од 1994 година, кога славеше со 4-0 над Грција на СП што исто така се одржа во САД. И на тој меч беше постигнат хет-трик од аргентинска легенда, и тоа Габриел Батистута.

Алжир за првпат во историјата на своите настапи на СП немаше удар во рамките на противничкиот гол.

Меси се израмни со Мирослав Клосе на делба на првото место на листата најдобри стрелци во историјата на мундијалите (по 16).

Меси е рамо до рамо со бразилската легенда Ривелињо како фудбалери со најмногу погодоци со удари надвор од шеснаестникот на светските шампионати (по пет).

Марко Арнаутовиќ стана највозрасниот австриски фудбалер со настап на еден мундијалскки натпревар (37 години и 59 дена), уривајќи го рекордот на Михаел Консел (36 години и 109 дена) од СП 1998.

Се вчитува...