Нај, нај на СП 2026: Сака како Џеф Харст

Во рубриката „Нај, нај на СП 2026“ ви ги пренесуваме најинтересните статистички податоци од натпреварите одиграни претходниот мундијалски ден…

Ова беше првиот мундијалски меч со десет или повеќе погодоци уште од 1982 година, кога Унгарија го совлада Ел Салвадор со 10-1.

Последниот дуел со најмалку десет гола во нокаут фазата од мундијалите е оној од 1954 година во кој Австрија славеше над Швајцарија со 7-5.

Букајо Сака е само втор англиски ас во историјата со хет-трик во нокаут-фазата од мундијалите. Првиот – легендарниот Џеф Харст во финалето на СП 1966.

Франција прими четири гола во првото полувреме за првпат по април 1930 (пораз од 1-5 од Белгија).

Франција прими шест гола на еден натпревар за првпат по 1960 година, кога „триколорите“ загубија со 2-6 од Швајцарија.

Седумте погодоци на Џуд Белингем се рекорд на еден англиски фудбалер на еден светски шампионат.

Килијан Мбапе има десет гола и 4 асистенции, вкупно 14 придонеси за погодок, најмногу на еден светски шампионат откако асистенциите почнаа да се евидентираат од СП 1966.

Ова беше прв меч на Англија на големите натпреварувања без Пикфорд на голот по ЕВРО 2016, кога прв голман беше Џо Харт. Со тоа, беше прекината серијата на Пикфорд од 33 средби на „гордиот албион“ на кои асот на Евертон стартуваше на голот.

Арсенал имаше тројца стартери во англискиот состав (Рајс, Сака и Езе) за првпат по дуелот со Бразил на СП 2002 (Симан, Кемпбел, Кол).

Се вчитува...