Во рубриката „Нај, нај на СП 2026“ ви ги пренесуваме најинтересните статистички податоци од натпреварите одиграни претходниот мундијалски ден…
Кристијано Роналдо немаше ниту еден удар во рамките на противничкиот гол, вторпат вакво нешто му се случува на големиот ас на мундијалски меч на кој ги минал сите 90 минути на теренот.
Португалија имаше 724 успешни додавања на дуелот со Конго, најмногу во историјата на оваа репрезентација на еден мундијалски меч. Витиња имаше 121 успешно додавање, исто така апсолутен индивидуален рекорд на еден португалски фудбалер на меч од СП.
Англија за првпат по 2002 година успеа да совлада ривал што е во Топ 15 од ФИФА ранг листата. По триумфот над Аргентина на СП 2002 (тогаш трета на ФИФА-листата), Англичаните имаа шест порази во низа против ривали од Топ 15, серија што е прекината со синоќешниот триумф над „коцкестите“ (Хрватска моментно се наоѓа на 11. позиција).
Хари Кејн стана само втор англиски фудбалер што постигнал погодоци на три светски шампионати, рамо до рамо со Дејвид Бекам.
Кејн е рекордер на сите времиња по број на постигнати голови од пенал на фудбалските мундијали (пет).
Колумбија е без пораз на последните четири мундиијалски средби (три победи и едно реми), најдолга ваква успешна серија уште од 2014 година.
Луис Дијаз е првиот играч на овој мундијал што имал гол и асистенција, но на истиот натпревар го погодил и дирекот од противничкиот гол.
Узбекистанскиот селектор Фабио Канаваро е само четврти освојувач на „Златна топка“ што бил дел од едно СП и како играч и како тренер. Пред Канаваро тоа им успеало само уште на Франц Бекенбауер, Олег Блохин и на Марко ван Бастен.
Гана немаше шут кон голот на Панама се до 48. минута од натпреварот.
Панама имаше 62% посед на топката, оваа селекција никогаш немала повеќе од 40% посед на еден мундијалски натпревар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
