Во рубриката „Нај, нај на СП 2026“ ви ги пренесуваме најинтересните статистички податоци од натпреварите одиграни претходниот мундијалски ден…
Шпанија има комплетирано точно 2.500 додавања и упатени 49 шутеви кон противничкиот гол од својот последен мундијалски погодок, во 11. минута од мечот со Јапонија во 2022 година.
Шпанците имаа 74% посед на топката, но Зеленортските острови направија само еден фаул на натпреварот, најмалку во историјата на светските шампионати.
„Црвената фурија“ традиционално се мачи на премиерните средби на СП, има само три победи на стартот на 15-те мундијали на кои учествуваше (пет реми, седум порази).
Салах вчера наполни 34 години, а „фараонот“ со асистенцијата при голот за Египет стана прв африкански фудбалер со учество во гол на роденден за време на СП.
Белгија е без победа на последните три меча на светските првенства (две реми, еден пораз).
Египет нема победено на натпревар на СП (три реми, пет порази) и е втора селекција со најдолга „црна серија“. Повеќе мечеви без победа на СП има само Хондурас (девет).
Уругвај имаше 22 шутеви кон противничкиот гол само во второто плувреме, втор најдобар скор на сите времиња во оваа категорија, зад Германија на СП 1974 против Чиле, кога германски фудблери упатија дури 24 шутеви кон противничкиот гол, само во првото полувреме.
Фернандо Муслера се израмни со Единсон Кавани како уругвајски фудбалер со најмногу настапи на СП (по 17). Муслера исто така стана највозрасен уругвајски фудбалер што настапил на еден мундијал (39 години, 364 дена), уривајќи го рекордот на Диего Годин (36 години, 285 дена).
Илајџа Џаст од Нов Зеланд е прв играч на шкотски Мадервил што успеал да се запише меѓу стрелците на еден светски шампионат. Тој воедно е и прв репрезентативец на Нов Зеланд што успеал да постигне повеќе од еден гол на мундијалски меч.
Рамин Резаеиан (еден гол и една асистенција) е првиот ирански фудбалер во историјата што имал гол и асистенција на ист мундијалски натпревар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
