Најава за мегатрансфер: Ненад Димитријевиќ го раскина договорот со Валенсија

Најдобриот македонски кошаркар Ненад Димитријевиќ спогодбено го раскина договорот со Валенсија, потврдија од шпанскиот клуб.

Димитријевиќ имаше уште две сезони од актуелниот договор со шпанскиот клуб, но со договор меѓу двете страни тој беше раскинат. Како што е познато Димитријевиќ сезонава беше на позајмица во Уникс Казањ, клуб со кој ја освои ВТБ лигата, а беше прогласен и за МВП на финалната серија.

Токму одличните партии во плеј-офот од руската лига, доведоа голем број евролигаши да се заинтересирани за македонскиот интернационалец, а во редот за неговиот потпис е и српскиот Партизан кој долго време се поврзува со Македонецот.

Се вчитува...