Најавени тимови ЛШ: Клоп со проблеми во одбраната пред Манчестер сити

Јирген Клоп се соочува со проблеми во пресрет на денешниот дуел со Манчестер сити, и тоа пред се во составувањето на одбранбената линија што ќе треба да го запре пеколниот напад на „граѓаните“. Џо Гомез се повреди за време на репрезентативната пауза, а во текот на вчерашниот ден повреда заработи и Матип. Ако се знае дека повреден е и резервистот Клаван, германскиот стратег нема преголем избор, па мора да почне со младиот Трент-Арнолд на десен бек и Ван Дајк и Ловрен како централни дефанзивци. Неизвесен е дури и настапот на Емре Џан, кој по потреба може да одигра во последната дефанзивна линија.

На спротивната страна, Серхио Агуеро нема да може да настапи за Манчестер сити на „Енфилд“, па нападот на лидерот во Премиер-лигата ќе го предводи Габриел Хесус.

Серхио Бускетс се враќа во тимот на Барселона за вечерашниот меч на домашен терен против Рома, додека кај гостите ќе недостига Ундер, младиот турски ас кој игра одлично во последно време.

ЛИВЕРПУЛ – МАНЧЕСТЕР СИТИ

ЛИВЕРПУЛ: Кариус, Трент – Арнолд, Ловрен, Ван Дајк, Робертсон, Вајналдум, Хендерсон, Окслејд Чембрлен, Салах, Фирмино, Мане.

Отсутни: Матип, Гомез, Лалана, Клаван. Неизвесен: Емре Џан

МАНЧЕСТЕР СИТИ: Едерсон, Вокер, Отаменди, Компани, Делф, Фернандињо, Давид Силва, Де Бруине, Стерлинг, Сане, Хесус.

Отсутни: Менди, Агуеро, Стоунс.

БАРСЕЛОНА – РОМА

БАРСЕЛОНА: Тер Штеген, Роберто, Пике, Умтити, Алба, Бускетс, Паулињо, Ракитиќ, Иниеста, Меси, Суарез.

Отсутни: Кутињо.

РОМА: Алисон, Флоренци, Фацио, Манолас, Коларов, Де Роси, Наинголан, Стротман, Ел Шарави, Пероти, Џеко.

Отсутни: Ундер, Карсдорп.

Се вчитува...