Најавени тимови: Тотенхем и Борусија без најдобрите играчи на „Вембли“

Тотенхем и Борусија Дортмунд ќе ги одмерат вечерва силите на „Вембли“ во првиот осминафинален меч од Лигата на шампионите, дуел на кој и двајцата тренери се принудени да експериментираат со составот.

„Спарси“ нема да можат да сметаат на двајцата клучни фудбалери, Хари Кејн и Деле Али, кои би требало да се вратат навреме за настап на реваншот во Дортмунд. Добра вест е враќањето во тренажен процес на Ламела и на Дајер, кои би требало да бидат стартери на вечерашниот натпревар. На спротивната страна, Борусија допатува во Лондон без капитенот Ројс и најдобриот стрелец Алкасер, а ако на нив двајца им се додадат и отсуствата на Вајгл, Аканжи и Пишчек јасно е дека тренерот Фавр има огромни главоболки да го „закрпи“ тимот што ќе излезе вечерва на мегдан со Тотенхем.

Френки де Јонг се мачи со повреда, но асот на Ајакс ќе настапи од првата минута на денешниот дуел со Реал Мадрид. Холандскиот тим бележи пад во формата во домашното првенство, но дуелот со актуелниот европски првак е доволна мотивација за тренерот на Ајакс да го извлече најдоброто од овој млад и исклучително талентиран тим. Кај Реал единствена дилема е дали во тимот ќе се најде Варан, кој поради грип вчера воопшто не тренираше, а шансите за негов настап се оценети 50-50.

ТОТЕНХЕМ – БОРУСИЈА Д.

ТОТЕНХЕМ: Љорис, Трипие, Санчез, Алдерверел, Фертонген, Дајер, Сисоко, Ериксен, Ламела, Сон, Моура.

Отсутни: Кејн, Али, Дејвис.

БОРУСИЈА: Бурки, Ашраф, Топрак, Диало, Шмелцер, Дилејни, Витсел, Санчо, Филип, Гереиро, Геце.

Отсутни: Алкасер, Аканжи, Пишчек, Ројс, Вајгл.

АЈАКС – РЕАЛ МАДРИД

АЈАКС: Онана, Мазрауи, Де Лигт, Блинд, Талјафико, Ван де Бек, Шене, Де Јонг, Зијеч, Долберг, Тадиќ.

Отсутни: Банде.

РЕАЛ: Куртоа, Карвахал, Рамос, Варан, Марсело, Модриќ, Кашемиро, Крос, Бејл, Бензема, Винисиус.

Отсутни: Иско, Валјехо, Љоренте. Неизвесен: Варан.

Се вчитува...