Најавени тимови за ЛЕ: Солскјер без капитенот ќе атакува на првиот трофеј со Манчестер Јунајтед

Оле Гунар Солскјер вечерва ќе се обиде да стигне до првиот трофеј откако е на клупата на Манчестер Јунајтед. Во финалето на Лигата на Европа веројатно, норвешкиот стратег ќе го има најтешкиот противник кога е во прашање ова натпреварување, неговиот специјалист, Унаи Емери.

Вилјареал има одлична сезона која ќе сака да ја круниса со титула во најмасовното европско фудбалско натпреварување. Солскјер најверојатно нема да може да смета на капитенот Хари Мегваер што ќе биде голем удар за „црвените-ѓаволи“. Од друга страна Вилјареал нема поголеми проблеми со тимот.

Натпреварот кој ќе се игра во полскиот Гдањс е закажан за во 21 часот.

ВИЛЈАРЕАЛ – МАНЧЕСТЕР Ј. 

Вилјареал: Рули, Фојт, Албиол, Торес, Педраза, Пино, Капуе, Парехо, Тригерос, Морено, Бака.

Отсутни: Ибора.

Неизвесен: Чуквуезе.

Манчестер Јунајтед: Де Хеа, Ван Бисака, Баи, Линделоф, Шо, Мектоминај, Фред, Бруно Фернандеш, Погба, Рашфорд, Кавани.

Отсутни: Марсијал, Џонс.

Неизвесен: Мегваер.

Се вчитува...