Најавени тимови за ЛШ: Главоболката на Зидан се вика Лука Модриќ

Зинедин Зидан во последен момент ќе донесе одлука дали Лука Модриќ ќе се појави во стартниот тим на Реал на гостувањето во Париз, или пак шанса на негово место ќе му даде на Матео Ковачиќ. Од тројцата повредени играчи на „кралевите“ Марсело веќе се врати во тимот, а големи шанси за настап има и Тони Крос. Најалармантна е ситуацијата со Модриќ, кој има огромно значење врз играта на актуелниот европски првак, па затоа и Зидан е подготвен да го чека до вечерва пред да ја донесе конечната одлука.

На спротивната страна, кај ПСЖ ќе недостига Нејмар, чие место ќе го заземе Анхел ди Марија. Во однос на првиот меч шанса ќе добие и Тијаго Силва на местото на Кимпембе, а Тијаго Мота по рехабилитацијата од повредата е најавен на позицијата последен играч за врска.

Ливерпул влегува во реваншот со Порто со водство од 5-0, што ќе му овозможи на Јирген Клоп да одмори дел од стандардните првотимци. Германецот најави дека во секој случај ќе изнесе силен тим на терен, но се очекува шанса да добијат Соланке, Лалана, Морено, а во второто полувреме да влезе и десниот бек Клајн, кој сезонава е без настап по серијата повреди.

ЛИВЕРПУЛ – ПОРТО

ЛИВЕРПУЛ: Кариус, Гомез, Ван Дајк, Матип, Морено, Хендерсон, Милнер, Џан, Лалана, Мане, Соланке.

Отсутни: Вајналдум, Вудбурн.

ПОРТО: Касилјас, Переира, Фелипе, Маркано, Диого, Ерера, Отавио, Оливеира, Корона, Абубакар, Брахими.

Отсутни: Марега, Данило, Телес, Соареш.

ПСЖ – РЕАЛ М.

ПСЖ: Ареола, Алвеш, Маркињос, Силва, Курзава, Мота, Верати, Рабио, Ди Марија, Кавани, Мбапе.

Отсутни: Нејмар.

РЕАЛ: Навас, Карвахал, Рамос, Варан, Марсело, Кашемиро, Ковачиќ, Крос, Бејл, Роналдо, Бензема.

Неизвесни: Модриќ, Крос.

Се вчитува...