Најавени тимови за ЛШ: Иниеста се враќа во вистински момент за Барса

Андрес Иниеста ги надмина проблемите со повредата и ќе му биде на располагање на Ернесто Валверде за вечерашниот реванш дуел против Челси. Шпанскиот ас важи за кошмар на англискиот првак, откако го постигна голот за пласман во финалето пред неколку години на „Стемфорд бриџ“, а ја имаше и улогата на асистент при голот на Меси за 1-1 на првиот овосезонски дуел со „сините“ од Лондон. Во ситуација кога Кутињо нема право за настап во ЛШ, Валверде речиси сигурно ќе му даде шанса на Иниеста во стартниот тим, каде се враќа Меси по пропуштениот дуел со Малага во Примера.

На спротивната страна, Челси ќе биде комплетен на „Камп ноу“, а Конте најавува дефанзивна тактика, без Алваро Мората, а со Еден Азар како најистурен во нападот, помогнат од Педро и од Вилијан.

Бешикташ во 18 часот ќе биде домаќин на екипата на Баерн Минхен, меч во кој баварскиот гигант ќе влезе со предност од 5-0 од првиот меч на „Алијанц арена“. Турскиот првак ќе биде со значително ослабена одбрана, со оглед на отсуствата на Пепе и на Вида, како и на првата резерва Тошиќ. Во таборот на гостите, Хејнкес му даде заслужен одмор на Робен, а единствената дилема е дали да го ризикува Левандовски, кој со евентуален жолт картон би добил и суспензија.

БЕШИКТАШ – БАЕРН М. (18 часот)

БЕШИКТАШ: Фабри, Гокхан, Медел, Несип, Адријано, Хачинсон, Толгај, Бабел, Талиска, Кварезма, Негредо.

Отсутни: Пепе, Вида, Тошиќ.

БАЕРН: Улрих, Кимих, Суле, Хумелс, Алаба, Видал, Тијаго, Хамес Родригез, Милер, Рибери, Левандовски (Вагнер).

Отсутни: Нојер, Коман, Робен, Толисо.

БАРСЕЛОНА – ЧЕЛСИ  (20.45 часот)

БАРСЕЛОНА: Тер Штеген, Роберто, Пике, Умтити, Алба, Бускетс,  Ракитиќ, Паулињо, Иниеста, Меси, Суарез.

Отсутен: Денис Суарез.

ЧЕЛСИ: Куртоа, Азпиликуета, Кристенсен, Рудигер, Мозес, Алонсо, Канте, Дринквотер, Вилијан, Педро, Азар.

Отсутни: Давид Луиз, Баркли.

Се вчитува...