Најавени тимови за ЛШ: Јунајтед игра подобро без Погба

Манчестер јунајтед одигра многу слабо, но сепак остана непоразен на гостувањето во Севилја во првиот меч од осминафиналето во Лигата на шампионите. На „црвените ѓаволи“ им е јасно дека ќе мора да се прикажат во далеку подобро светло на вечерашниот меч на „Олд трафорд“ ако сакаат да се пласираат меѓу најдобрите осум тима во Европа.

Жозе Мурињо не планира преголеми промени во составот, па сигурно е дека Пол Погба нема да биде во стартните единаесетмина. Французинот се мачи со повреда, но без оглед на тоа екс-фудбалерот на Јувентус ја загуби довербата на Мурињо, а тимот игра подобро и покомпактно кога Погба не е во стартните единаесетмина. Во однос на дуелот против Ливерпул во саботата најавена е само една замена, Лингард треба да го заземе местото на Хуан Мата.

Рома брка негатива од еден гол против Шахтјор, а тренерот Ди Франческо не отстапува од формацијата 4-3-3 со Ундер и Пероти како поддршка за незаменливиот Един Џеко. Гостите од Украина немаат намера да се бранат, па тренерот Фонсека најави формација 4-2-3-1 со Фереира како најистурен напаѓач помогнат од Марлос, Таисон и од Бернард.

РОМА – ШАХТЈОР

РОМА: Алисон, Флоренци, Коларов, Манолас, Фацио, Де Роси, Стротман, Наинголан, Пероти, Ундер, Џеко.

Отсутни: Пелегрини, Карсдорп.

ШАХТЈОР: Пјатов, Бутко, Ордетс, Ракитски, Исмаили, Фред, Степаненко, Марлос, Таисон, Бернард, Фереира.

Отсутни: Кривцов, Малишев, Срна.

МАНЧЕСТЕР Ј. – СЕВИЛЈА

МАНЧЕСТЕР: Де Хеа, Валенсија, Баи, Смолинг, Јанг, МекТоминеј, Матиќ, Лингард, Санчез, Рашфорд, Лукаку.

Отсутни: Рохо, Џонс, Блинд, Ерера. Неизвесен: Погба

СЕВИЛЈА: Рико, Меркадо, Кјаер, Ленглет, Ескудеро, Нзонзи, Банега, Сарабија, Васкез, Кореа, Муриел.

Отсутни: Навас, Корчија.

Се вчитува...