Најавени тимови за ЛШ: Јуве се крсти во Игуаин и Дибала

Ремито од 2-2 на првиот меч во Торино е причина Јувентус да биде принуден да ја отвори својата игра и да напаѓа од првата минута на гостувањето на „Вембли“ против Тотенхем. Тренерот Алегри се крсти во Гонзало Игуаин, кој постигна два гола, но и промаши пенал на првиот меч, како и во Дибала, кој поради повреда не настапи во Торино. Во ситуација кога Манџукиќ е повреден улогата на трет офанзивец ќе му биде доделена на Даглас Коста, кој одигра квалитетно на првиот дуел, изнудувајќи пенал што Игуаин не успеа да го претвори во гол.

На спротивната страна, Тотенхем има проблеми со одбраната, па на десен бек ќе стартува Трипие на местото на суспендираниот Орие, а ќе го нема ниту Алдервирелд, кој веќе извесно време е повреден.

Манчестер сити веќе си го осигура пласманот во следната рунда, па јасно е зошто Пеп Гвардиола најави „ремонт“ на тимот за вечерашниот реваш. Младиот Фоден е најавен како стартер, предводник на нападот ќе биде Габриел Хесус, а во тимот се очекува да се најдат и Стоунс и Јаја Туре, кој сезонава премногу ретко добиваа шанса во дресот на „граѓаните“.

ТОТЕНХЕМ – ЈУВЕНТУС

ТОТЕНХЕМ: Љорис, Трипие, Санчез, Вертонген, Дејвид, Дајер, Дембеле, Али, Сон, Ериксен, Кејн.

Отсутни: Орие, Алдервирелд, Моура.

ЈУВЕНТУС: Буфон, Лихтштајнер, Бенатија, Кјелини, Алекс Сандро, Кедира, Пјаниќ, Матуиди, Дибала, Даглас Коста, Игуаин.

Отсутни: Манџукиќ, Квадрадо, Берардески.

МАНЧЕСТЕР СИТИ – БАЗЕЛ

МАНЧЕСТЕР СИТИ: Браво, Данило, Стоунс, Компани, Зинченко, Јаја Туре, Гундоган, Фоден, Б. Силва, Стерлинг, Хесус.

Отсутни: Менди, Фернандињо.

БАЗЕЛ: Вацлик, Ланг, Лакроа, Суши, Риверос, Петрета, Зуфи, Дие, Стокер, Елјунуси, Оберлин.

Отсутни: Џака.

Се вчитува...