Најавени тимови за ЛШ: Како ќе се снајде Ливерпул без Ван Дајк

Ливерпул го пречекува Баерн Минхен на „Енфилд“ во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите, а главното прашање во пресрет на овој дуел е како ќе изгледа одбраната на „црвените“ без својот командант Вирџил ван Дајк, кој поради суспензија нема да му биде на располагање на Јирген Клоп. Холанѓанецот минатиот јануари пристигна во Ливерпул и веднаш стана предводник на тимот на Клоп, па јасно е дека неговото отсуство ќе остави трага врз играта на „црвените“ на вечерашниот дуел. Згора на тоа, Ливерпул ќе биде и без Џо Гомез, како и Дејан Ловрен, па Клоп е принуден на експеримент – Матип да биде во срцето на одбраната крај Фабињо.

Баерн ќе биде ослабен со неиграњето на Робен и Милер, а неизвесно е дали во тимот ќе се појави Горецка,  кој тренираше индивидуално синоќа на „Енфилд“.

Лион вечерва ја пречекува Барселона без својот капитен, Набил Фекир, кој дуелот на „Жерлан“ поради суспензија ќе го следи од трибините. Умтити по долга пауза се најде на списокот на Барса за овој натпревар, но Французинот најверојатно мечот ќе го почне од клупата за резерви. Добра вест за каталонскиот гигант е што Дембеле е стопроцентно подготвен за настап и ќе го заземе своето место во првиот тим пред Кутињо, кој игра во многу слаба форма сезонава.

ЛИВЕРПУЛ – БАЕРН МИНХЕН

ЛИВЕРПУЛ: Алисон, Александер-Арнолд, Робертсон, Матип, Фабињо, Хендерсон, Вајналдум, Кеита, Салах, Мане, Фирмино (Шаќири)

Отсуни: Ван Дајк, Гомез, Окслејд-Чембрлен, Ловрен. Неизвесен: Фирмино.

БАЕРН: Нојер, Химих, Суле, Хумелс, Алаба, Тијаго, Горецка, Хамес, Гнабри, Коман, Левандовски.

Отсутни: Робен, Милер, Боатенг, Толисо.

ЛИОН – БАРСЕЛОНА

ЛИОН: Лопез, Дубоа, Марсело, Денајер, Менди, Ндомбеле, Тусар, Траоре, Депај, Оуар, Дембеле.

Отсутни: Фекир, Гуири. Неизвесен: Ндомбеле.

БАРСЕЛОНА: Тер Штеген, Семедо, Пике, Ленгле, Алба, Бускетс, Ракитиќ, Видал, Дембеле, Меси, Суарез.

Отсутни: Рафиња, Артур, Силесен, Вермален.

Се вчитува...